По 50 години научниците на НАСА започнаа со проучување на недопрените примероци донесени од месечината

Фото: Врешење на прецизни мерења од уредот за пирсинг пред користење на новата алатка за отворање на примероците, НАСА

Експертите и научниците во НАСА го дочекаа моментот конечно по 50 години да започнат со проучување на лунарните примероци од месечината донесени преку мисијата Аполо 11 во 1969 година.

Причината за долгогодишното чекање се должи на подготвувањето на „специјална“ опрема потребна за правилно проучување на примероците, а намерата на научниците е да се подготват за претстојната нова мисија за посета на месечината.

„Агенцијата по завршувањето на мисијата и добивањето на примероците го препознала фактот дека науката и технологијата ќе се развиваат со текот на годините и ќе дојде подобро време за проучување на овие значајни примероци што ќе придонесе за нивно разгледување на нови начини и отворање на нови прашања и можности за откритија“, изјавил Лори Глејз, директорот на одделението за планетрана наука во седиштето на НАСА.

Примерокот е отворен во Џонсон центарот во Хјустон од страна на Одделот за наука и истражување на астроматеријали кој ја штити, проучува и споделува колекцијата на вонземски примероци на НАСА. Проучувањето е предводено од научниот тим ANGSA (Следната генерација на Аполо) чиј главен фокус е да осознае што повеќе за примерокот и лунарната површина со цел подобра подготовка за претстојнaта „Artemis“ (првата жена и првиот човек од друга раса да стапнат на месечината) мисија што е планирано да биде на јужната страна на месечината.

„Разбирањето на геолошката историја и еволуција на примероците од месечината ќе ни помогне да се подготвиме за типовие примероци што е можно да ги собереме за време на „Artemis“. Ова е возбудлива можност да ги разбереме алатките потребни за собирање и пренесување примероци, нивно анализирање и складирање на Земјата за идните генрации“, посочил Томас Зурбакен, администратор на дирекцијата за научна мисија на НАСА во Вашингтон.

Научниците го започнале процесот на „отворање“ на примероците уште на 11 февруари со првото отворање на надворшниот заштитен слој и внимателното зафаќање некои од гасовите што би требало да се затворени заедно со примерокот. На 23 февруари е направен вториот чекор на неколку-неделниот процес на пробивање кон внатрешниот контејнер и собирањето на лунарните гасови. По завршувањето на процесот на екстракција на гасови, тимот ќе ги отстранува почвата и камењата од контејнерот што веројатно ќе потрае до почетокот на ова лето пред да се преземе следниот чекор.