Папата Франциск во јуни ќе го посети Сараево

-

Папата Франциск најави дека во јуни ќе го посети Сараево. Посетата е со цел да се заложи за мир во Босна и Херцеговина.

Поглаварот на Римокатоличката црква посетата на Сараево на 6 јуни ја најави денеска, за време на обраќањето пред верници на неделната молитва на плоштадот Свети Петар.

Папата од насобраните побара да се помолат за неговата еднодневна посета на Сараево да пружи поддршка на католичкото малцинство во Босна и Херцеговина.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...