ОН: Детската болница во Киев најверојатно била погодена од руски проектил

Вчера, 41 лица, вклучително и деца, беа убиени во серија руски ракетни напади во Украина

Фото: Укринформ.нет

Детската болница во Киев најверојатно била погодена од руски проектил, изјави шефицата на набљудувачката мисија на Обединетите нации во Украина, Даниел Бел.

Советот за безбедност на Обединетите нации соопшти дека денеска ќе одржи вонредна седница за Украина по ракетниот напад. Одржување на седницата побара украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува АФП.

Вчера, 41 лица, вклучително и деца, беа убиени во серија руски ракетни напади во Украина.

Кремљ тврди дека болницата била погодена од украински противракетен оган, а не од руски проектил, објави Ројтерс.

Видео-анализата и проценките на местото на настанот укажуваат на голема веројатност дека детската болница претрпела директен удар и не е оштетена, бидејќи проектилот бил пресретнат, изјави за новинарите Даниела Бел.

Бел изјави дека нејзиниот тим на местото на ударот не можел да донесе конечен заклучок, но дека се чини дека проектилот е лансиран од Русија.

Во моментот на нападот, во болницата имало околу 670 тешко болни деца и околу 1.000 вработени, кои ги префрлиле децата во бункерот кога се огласиле сирените за воздушен напад. Во спротивно, бројот на жртвите би бил многу поголем, изјави Бел.