Нови 844 заразени со ковид, евидентирани и шест починати лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 188 реинфекции со ковид-19. Регистрирани сe и 815 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72г, 76г и 83г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 5 до 30 јули.

Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 4.139.