Нова класа мечувалец наречена Dosa во Black Desert Online

Станува збор за одлична игра што нуди многу забава и е една од игрите со најдобра графика воопшто издадени за користење и на мобилен телефон

Wallpaper Dosa слика од главниот сајт на Black Desert Online од отсекот за Медиуми

Најскорешната класа во Black Desert Online на специјализиран мечувалец наречена „Dosa“ е комбинација и од кинески таи чи чуан меч, но воедно и со движења на јапонски самураи со катани.

Светлосните ефекти на пропратните магии во играта се толку многу изразени, што има предупредувања за луѓе склони на ризик од епилепсија, за што има и официјални предупредувања. Гледањето на гејмплеј од играта на YouTube и играњето е сосема различно, како што е впрочен и со секоја игра.

Во прилог е трејлерот за најновата класа:

 

За Black Desert Online известуваме постојано, а претходните написи може да ги погледнете и прочитате овде. Се работи за една од најквалитетните MMO игри, што е толку добро сработена што нуди голема имерсија во играта, токму поради борбите чии кореографии на движење на ликовите и боречките вештини со средновековни оружја и магии се импресивно и инвентивно сработени.

Четири негативни работи на играта се: претераниот „грајнд“ (репетивни акции) за искуство и левели, неможноста за инстантен Fast Travel, недостигот на приказна и претераните светлосни ефекти за кои напоменавме погоре. Но, играта се надополнува со голем број „sandbox“, новитети што воопшто ги нема во други игри, посебно затоа што може да се игра без да се борите воопшто, односно на пацифистички начин, нешто за пишувавме во овој напис

Ова е детален преглед на сите можни нови потези и скилови што ги прави мечувалецот Dosa: 

Во играта има различни видови ликови (класи), но корисниците на мечови се најзастапени, како на пример класичниот Warrior, па првата класа што потсетуваше на самурај Musa, нинџите користат краток меч и цел сет катани, асасинот користи меч како јатаган наречен „шамшир”, Dark Templar е девојка со голем дворак меч, a Валкирата користи меч и штит, a Drakania исто така дворак меч со змејски магии.

Девелоперите знаат дека на љубителите на RPG игри најчесто мечот им е оружје од избор. Но, најдобар специјалист за користење мечови во сите игри произлегува дека е Warrior, бидејќи користи најмајсторски и нормални и двораки мечови без магии. И во Black Desert оваа класа е многу популарна, односно и кога излезе, играта беше најпривлечна и најиграна класа. Но, појавувањето на нов мечувалец е секако добродојдено и поздравено од повеќето фанови на Black Desert Online.

Играта чини само 10 евра се плаќа еднаш и се игра „засекогаш“. Главно заработуваат од микротрансакции за скинови и нема месечна претплата како World Of Warcraft, но нуди сосема друг „шмек“ за љубителите на самураи, нинџи и боречки вештини.

Исто така, во денешно време, кога повеќето луѓе користат интернет на телефоните и имаат солидни телефони еквивалентни на компјутери од пред 10 години, па и подобри, постои и верзија на истата игра наречена Black Desert Mobile што исто така еднаш се купува за 10 евра и ја имате засекогаш. Но, верзијата за компјутер и верзијата за мобилен телефон се посебни. Колкав и напредок да имате преку компјутер, на мобилен ја почнувате со сосема нов акаунт и од почеток. Ова е особено важно затоа што во играта нема тргување со валутата сребро како директна замена, а може да се купува од Trading Post како аукциска куќа. Но, секој сам си го заработува среброто во играта и за да купите, на пример, Пегаз коњ кој патува по мапата најбрзо од сите коњи, потребни се буквално месеци, а за некои играчи и години штедење. Инаку, станува збор за една од најдобрите sandbox ММО игри. Играта постојано се подобрува со секое ново ажурирање на нов пач и често излегуваат нови „класи” односно различни типови на херои и хероини од кои повеќето се gender locked.

Станува збор за одлична игра што нуди многу забава и е една од игрите со најдобра графика воопшто издадени за користење и на мобилен телефон.

Компјутерската верзија нуди и Ultra Graphics и пејзажите во играта се фасцинантни, на максимум графика. Повремено има и Free Trial, со цел играта да се испроба бесплатно а понекогаш има и целосно бесплатни промоции.