Нов празничен кредит од Тутунска банка

НЛБ Тутунска банка

Од 13 ноември годинава, НЛБ Тутунска банка воведе празничен станбен кредит со најниска каматна стапка од само 2,9 проценти, која е фиксна за првите три години од користење на кредитот. Намалени се и каматните стапки на другите станбени кредити и зголемен е периодот на важење на фиксната каматна стапка од три на пет години. Новите каматни стапки важат само за новоодобрени кредити.

Исто така, во периодот од 1 ноември до 31 јануари следната година, банката води промотивна кампања за станбени кредити, во рамките на која сите апликации за станбени кредити се одобруваат без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.