Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни челници на „Еуростандард банка“

Еуростандард банка | Фото: Арбнора Мемети

Народната банка до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај. Поднесената кривична пријава е во согласност со членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка.

„Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите. Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации“, се вели во соопштението на Народната банка.

Народната банка во август годинава ѝ ја одзеде дозволата за работа на „Еуростандард банка“ поради неисполнување на минималните услови за работа.