На пладне протест пред Владата поради загадениот воздух

Активистите за животна средина и граѓаните денеска точна напладне, под мотото „Станете за чист воздух“ ќе протестираат пред зградата на Владата.

„Протестот не е организиран од политичка партија, организиран е од граѓани, од сите нас кои дишеме загаден воздух“, се вели во повикот за протестот, споделен на „Фејсбук“.

Активистите за чиста животна средина, исто така ги повикаа родителите, да не ги носат децата на училиште на 20 декември (среда) во знак на протест поради загадениот воздух. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за оваа иницијатива рече дека е „политички мотивирана“.