МВР вчера санкционирало 346 возачи во Скопје, од кои 150 за пречекорена брзина

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (20.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 24, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83), а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска,“ се вели во соопштението.

Од МВР најавија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.