Млади преку фотографија го документираа мултикултурализмот во државата

Во рамки на проектот „Младински активизам за мултикултурализам - да се негува, да се дејствува!“, млади лица, кои претходно биле обучени за основите на фотографија, ги документриаа културните наследства во своите заедници

Фото: Аналитика тинк-тенк

Во рамки на проектот „Младински активизам за мултикултурализам – да се негува, да се дејствува!“, млади го документираа мултикултурализмот во државата преку фотографија.

Вчера беше отворена изложбата „Младинска Моќ за Единство: Градење Мултикултурна Иднина“, каде можеше да се видат фотографиите од младите учесници. Тие претходно беа обучени од професионални фотографи за основите на фотографијата, а нивната задача беше да ги документираат културните наследства во своите заедници.

Фото: Аналитика тинк-тенк

Преку активноста, младите ги подобрија своите фотографски вештини, а притоа учеа за различните култури и обичаи низ државата.

„Ова искуство нè научи дека заедништвото и мултикултурализмот не се само зборови, туку вистинска потреба за иднината на нашата земја. Ние сме подготвени да го промениме општеството и да го направиме поинклузивно за сите“, изјави еден од учесниците.

Настанот беше организиран од Аналитика тинк-тенк, во соработка со Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар и Организација на жени Струмица.