Министрите за внатрешни и за дигитална трансформација ветуваат дигитализација на личните документи

Според Тошковски, тие ја разгледале можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи

Фото: Официјална „Фејсбук“ страна на Министерство за внатрешни работи
Министерите за внатрешни работи Панче Тошковски и за дигитална трансформација Стефан Андоновски ветија дигитализација на услугите на МВР, мислејќи на процесот на издавање на лични документи кој сè уште функционира прилично отежнато.
Како што соопшти МВР, фокусот на средбата бил кон „подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни“.
Според Тошковски, тие ја разгледале можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата.