Comments are closed.

Министерството за култура ја разреши директорката на Филхармонија, таа реагира

Тина Иванова пак претпладнево упати јавна реакција до медиумите, во која наведува дека била разрешена од актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска не поради несовесно работење, туку дека единствена причина за разрешувањето е фактот што како директорка застанала на страната на колективот и на страната на институцијата

-

Министерството за култура ја разреши Тина Иванова од функцијата директор на Националната филхармонија, а за вршител на должност на оваа функција го назначи Даниел Лазаревски. Комисија која била формирана од Министерството за култура констатирала повеќе неправилности во работата на Иванова, а разрешени се и членовите на Управниот одбор во Националната филхармонија, бидејќи не дејствувале навреме и не укажале за неправилностите во работењето на Иванова.

Тина Иванова, пак, претпладнево упати јавна реакција до медиумите, во која наведува дека била разрешена од актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска не поради несовесно работење, туку дека единствена причина за разрешувањето е фактот што како директорка застанала на страната на колективот и на страната на институцијата.

„Разрешена сум вчера, а не пролетоска, кога оркестарот на филхармонијата и вработените го изразуваа револтот, затоа што и покрај купот инспекции што министерката наменски и во континуитет сè до вчера ги испраќаше во филхармонијата со отворена намера да најде причина за нејзиниот вчерашен чин, инспекциите не беа во можност да ѝ го испорачаат од неа бараниот материјал и истите не утврдија никакви неправилности во моето и работењето на работењето и на институцијата“, вели Тина Иванова во јавната реакција.

Таа додава дека во институцијата биле трудова инспекција, две вонредни инспекции од Инспекторатот на Министерството за култура, комисија за увид во документација, сосе група на административни службеници вработени во Министерството за култура.

Патем, резултатите од инспекциите се јавно достапни документи и секој кој е заинтересиран може да види дека работата е прилично јасна и чиста, вели таа.

„После месеците буквално тортура врз мене и колективот од страна на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, на некој начин разрешувањето ми претставува и растоварување од континуираниот мобинг, зашто сите тие притисоци, навреди, обиди за понижувања, се нешто неразбирливо за мојот урбан културолошки карактер“, дополнува Тина Иванова.

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за хуманитарна помош...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за...