Милески ја прими должноста од Ѓурчиноски и стана нов командант на ЗОК

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Здружената оперативна команда (ЗОК).

Бригадниот генерал Зоран Милески, должноста командант на ЗОК ја прими од генерал мајор Васко Ѓурчиноски, кој со указ на претседателот Ѓорге Иванов е назначен за висок воен претставник на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.

Генералот Ѓурчиновски во својот говор изрази благодарност до припадниците на ЗОК за видливо постигнатите резултати од работата преку нивното ангажирање на јужната граница, учеството во операциите за поддршка на мирот и во меѓународните вежби.

Новопоставениот командант истакна дека обучувањето и извежбувањето на командите и на единиците, постојано подобрување на борбената готовност, реализацијата на меѓународните обуки и вежби, создавањето подобри услови за работа, подготвеноста и справувањето со сите видови предизвици се клучните сфери на кои ќе им посвети особено внимание.