Mигрант загинал од струен удар додека стоел врз вагон од воз

Случајот бил пријавен во МВР и во Итната медицинска помош. Лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош била констатирана смрт

Фото: Мета.мк

Регионалниот Центар за управување со кризи – Велес, денеска информира дека преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК, е добиена информација дека мигрант загинал од струен удар. Тој бил качен на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во населеното место Градско.

„Лицето дошло во допир со кабел на електрична енергија и добил струен удар. Случајот е пријавен во МВР и во Итната медицинска помош. Според информациите добиени од МВР, лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години“, информираат во ЦУК.