Меркел: Kонфликтот меѓу Русија и Украина не може да се реши со воени средства

Kонфликтот меѓу Русија и Украина не може да се реши со воени средства, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел, која беше во посета на Канада, неколку часа претходно се сретна со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, кој размислува да им испорача оружје на украинските власти, но сè уште не донел одлука.

Германската канцеларка остро се спротивставува на доставувањето оружје за украинската армија.