Мексико: Врховниот суд одобри рекреативно користење марихуана

Врховниот суд на Мексико вчера пресуди дека одгледувањето, поседувањето и користењето марихуана во рекреативни цели е легално и е во согласност со правото на уживање на личните слободи.

Во петчлениот судски совет за одлуката гласале четири судии, а еден бил против.

Пресудата се однесува само на еден предмет и на тужба на група луѓе кои сакале да основаат клуб на љубители на марихуана. Пресудата не дозволува продажба или комерцијална употреба на марихуана ниту, пак, воспоставува генерална легализација.

Доколку судот донесе иста пресуда во уште пет слични предмети, ќе создаде преседан кој води кон промена на законот и кон легализација на рекреативната употреба на марихуана.

Слична практика неодамна довела до тоа судот да пресуди дека мексиканските закони што забрануваат истополови закони се неуставни.