Mеѓународниот саем на книгата во Скопје ќе се одржи од 4 до 10 мај

Фото: Скопски саем

Скопски Саем, со поддршка од Министерството за култура како покровител, в мај ќе го го организира 35. Меѓународен Саем на книгата. Саемот годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“.

Саемот ќе се одржи од 4 до 10 мај во Арена „Борис Трајковски“, со над 50 учесници, во кои се вбројуваат најуспешните македонски издавачки куќи. Се очекуваат илјадници посетители – љубители на книгите.

Секоја година „Саемот на книгата“ е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни странски автори и издавачи, кои ги претставуваат своите најактуелни изданија.

Организаторот допрва ќе ја објави програмата за претстојниот Саем на книгата.