Магливо и студено време

Времето денеска ќе биде студено и магливо, со мала облачност. Во попладневните часови се очекува намалување на маглата.

На повисоките делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од минус пет до два Целзиусови степени, а дневната од седум до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до девет Целзиусови степени.