Фото: ФБ страна на министерот Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил информираше дека со измените на Законот за здравствена заштита се предлага цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Предлогот денеска треба да се најде на владина седница.

Филипче вчера информираше дека измените на Законот за здравствена заштита ќе се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.