Курти денеска во работна посета на Македонија

Во рамки на посетата, за во 10 часот е најавена средба со премиерот Христијан Мицкоски

Албин Курти, Office of the Prime Minister of the Republic of Kosovo, Public domain, via Wikimedia Commons

Косовскиот премиер Албин Курти денеска доаѓа во посета на земјава.

Во рамки на посетата, за во 10 часот е најавена средба со премиерот Христијан Мицкоски, соопштија од владината прес служба.

Во 11 часот, пак, ќе се одржи билатерална средба на која, покрај премиерите, ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.

По средбата е закажана прес-конференција на Мицкоски и Курти.