Кривични пријави против три лица од Скопје за „убиство“ и „убиство во обид“

На 1 јули во скопското село Батинци, пријавените со автоматски пушки пукале кон возило „Форд“ во кое биле двајца жители на селото Црн Врв, при што едниот починал на местото, додека неговиот сопатник се здобил со повреди и бил пренесен за укажување лекарска помош

Фото: МВР

Поднесена е кривична пријава против 32-годишниот С.Н. и 24-годишниот М.Џ. од скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, соопшти денеска полицијата.

По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, било утврдено дека на 1 јули во скопското село Батинци, пријавените со автоматски пушки пукале кон возило „Форд“ во кое биле А.Б.И. (34) и З.И. (31), двајцата од селото Црн Врв, при што на А.Б.И. починал на местото, додека неговиот сопатник се здобил со повреди и бил пренесен за укажување лекарска помош.

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше за уште една поднесена кривична пријава – против 26-годишниот В.И., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој на 17 јули, на подрачјето на Општина Чаир, со пиштол пукал кон 31-годишниот Д.Б. и му нанел тешки телесни повреди.