Барале кабли, пронашле човечки череп

Вчера, во 9.10 часот во Виница, вработен во „ЕВН – Македонија“ пријавил дека на 1 декември 2014 година, околу 14 часот, на улицата Браќа Миладинови, пред влезот на градскиот парк, лице вработено во фирмата која вршела ископ за поставување фундамент за столб за потребите на „ЕВН – Македонија“, пронашол човечки череп.  Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.