Картичката „Скопска“ ќе може да се купи и дополни само на билетарите на ЈСП

Граѓаните нема да може да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ од продажни места кои не се во сопственост на ЈСП Скопје, бидејќи денеска завршил договорот помеѓу ова јавно претпријатие и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, информираат од ЈСП Скопје.

„Купувањето и надополнувањето ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на ЈСП Скопје која ја сочинуваат 32 билетарници. ЈСП Скопје навремено се подготви за решавање на оваа ситуација, потребната опрема и логистика се обезбедени и многу наскоро граѓаните ќе имаат можност повторно да ги купуваат нашите услуги преку мрежа на секундарна дистрибуција“, се вели во соопштението.