Кај брегот на Кувајт се излеале 34.000 галони нафта

Анализа на сателитските снимки на американската невладина организација „Скејтрут“ укажува дека најмалку 34.000 галони нафта се излиле во Персискиот Залив, во близина на брегот на Кувајт.

„Скајтрут“ наведува дека сателитските снимки од денот на излевањето покажуваат дека нафтата се разлила на површина од 131 квадратен километар.

Во блогот на организацијата, со седиште во американската држава Западна Вирџинија стои дека во времето на излевањето низ таа област минувал брод кој превезувал нафта од платформа до рафинерија на копното.

Властите се уште немаат дефинитивно утврдено од каде потекнува нафтата, иако првобитно се сметалo дека се излила од танкер.

Се проценува дека Кувајт ги има шестите по големина резерви на нафта во светот, а властите на оваа земја од Персискиот Залив во вторникот соопштија дека е откриено ново истекување.