Јеменската Ал Каеда најавува нови напади

Разгранокот на терористичката организација Ал Каеда во Јемен најави нови напади во САД и на Западот, неколку дена откако ја презеде одговорноста за масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

– Подготвени сме и ги демнеме непријателите на Алах. Ги поттикнуваме верниците да го направат тоа – рече во видеоснимката Насер бин Али ал-Анси, еден од лидерите на организацијата, притоа повикувајќи ги нивните приврзаници да почнат „индивидуален џихад“.