Јанева: Денеска ме гледате сама, но за еден месец ќе ме видите со мојот тим

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска поднесе заклетва пред Советот на јавни обвинители дека совесно и чесно ќе ја извршува работата. Таа рече дека денеска нема да одговара на новинарски прашања. Јанева им се заблагодари на сите политички и меѓународни фактори, како и на Советот на јавни обвинители што го потврди нејзиниот избор.

– Сега ме гледате тука сама, но за еден месец ќе ме видите заедно со мојот тим, кога ќе ги преземем предметите што се во наша надлежност – рече Јанева.

Таа на новинарите им остави своја електронска адреса и рече дека ќе биде достапна да одговори на сите поставени прашања.