Израелската војска потврди дека во текот на ноќта билe извршени напади врз магацини со оружје на Хезболах

Израелските воздухопловни сили погодиле две складишта за оружје на Хезболах во јужен Либан

Фото: Israel Defense Forces, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Израелската војска потврди дека во текот на ноќта ги нападнале објектите за складирање оружје на Хезболах. Израелските воздухопловни сили погодиле две складишта за оружје на Хезболах во јужен Либан, со ракети и дополнително оружје, пишува Гардијан. 

Либанската државна новинска агенција (ННА) во саботата објави дека „израелскиот непријател извршил напад“ на градот Адлун, на околу 30 километри од границата со Израел.

Ракетите сè уште експлодираа околу еден час по првичното известување за нападот, соопшти ННА, додавајќи дека во експлозиите биле повредени тројца граѓани и сообраќајот на автопатот што ги поврзува јужните крајбрежни градови Сидон и Тир е прекинат во двата правци.