Исланд го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот на Македонија за членство во НАТО.

– Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Членството во НАТО станува реалност #WeAreNATO – напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.

Останаа уште Франција, Холандија и Шпанија за да го ратификуваат Протоколот за членство во НАТО.