Групацијата за обновливи извори на енергија при СКСМ го осуди затрупувањето на Маркова река

Фото: Еко свест

Групацијата за обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Северна Македонија ја осуди злоупотребата на животната средина и нарушувањето на биодиверзитетот во и околу реките и побараа надлежните институции да го истражат случајот. Ракцијата следува откако денеска објави феколошката организација „Еко свест“ објави фотографии од затрупувањето на Маркова река како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река.

Од таму информираат дека споменатите три хидроелектрани воопшто не се дел од Групацијата, како и дека тие се залагаат за одржливо искористување на ресурсите, за реализација на проекти за заштита на животната средина и за свет без емисија на C02 и метан.

„Малите хидроелектрани ги користат природните водни ресурси, произведуваат чиста енергија без аерозагадување и имаат минимално влијание на природната околина само при градбата, а ние како Групација при Комората ги почитуваме одговорните градежни практики и работиме целосно согласно Законот и домашните регулативи, но го следиме и строгото европско и светско законодавство за заштита на животната средина со цел да се обезбеди нивна одржливост. Како Групација, неприкосновено се залагаме за доследно почитување на законите и регулативите како и за нивно унапредување, но и понатаму продолжуваме да бидеме партнер на државата“, се вели во соопштението од Групацијата.