Грција ја обнови железничката линија Солун – Скопје – Белград

Грчката државна железничка компанија Треиносе соопшти дека ја обновува железничката линија Солун – Скопје – Белград и оти во текот на летната сезона возовите ќе патуваат и до Букурешт преку Софија.

Железничката линија Солун – Скопје – Белград од денеска ќе ја има секој ден, додека возовите за Софија и за Букурешт ќе сообраќаат од 4 јуни и ќе патуваат само во недела.

Железничката линија Солун – Скопје – Белград беше прекината откако властите во Атина оценија дека немаат финансиски средства за да ја поддржат.

Измената на одлуката доаѓа по оцената дека овие возни линии ќе придонесат за зголемување на туристичките патувања.