Грипот се шири со поинтензивна динамика во Струга

Грипот и понатаму ги полни болниците и приватните ординации во Охрид и во Струга.

Надлежните служби велат дека во Охрид бројката на заболени од грип се задржа на околу 260 лица, но дека во Струга се зголемува, каде досега се регистрирани 112 случаи со симптоми што наликуваат на грип.

Од Центарот за јавно здравје во Струга велат дека бројката е многу поголема во однос на истиот период лани.
На пациенти со симптоми на грип им се припишува потребната терапија, а оние со полесни симптоми се враќаат на домашно лекување со совети како да се справат со болеста.