„Фејсбук“ автоматски ќе ги подобрува вашите фотографии

Социјалната мрежа „Фејсбук“ додаде алатка што автоматски ќе ги подобрува вашите фотографии. Оваа функција засега е достапна само за уредите со оперативен систем „иос“, но подоцна ќе стигне и на уредите со оперативен систем „андроид“.

Новата фото-функција на „Фејсбук“ потсетува на функцијата „аутоосом“ што ја има „Гугл фотос“.

Секако, треба да се истакне дека корисниците што сакаат сами да ги прилагодуваат своите фотографии и понатаму ќе бидат во можност да пристапат до алатките за адаптирање и самите да ги прилагодат светлото, сенките, јасноста и слично.