Ердоган со декрет ја стави војската под своја контрола

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша нов претседателски декрет за воведување промени во армијата, по неуспешниот обид за државен удар извршен на 15 јули.

Декретот им дава овластувања на претседателот и на премиерот да им дадат директни наредби на командантите на армија, воздухопловните сили и на морнарица. Покрај тоа, со претседателскиот декрет се затвораат неколку воени училишта, се воспоставува нов универзитет за национална безбедност, воените команданти се поставени директно под надлежност на Министерството за одбрана и се отпуштаат 1.389 војници.

Ердоган почна голема чистка во земјата по обидот за воен удар, за кој го обвини верскиот лидер Фетулах Ѓулен.

Турскиот претседател вчера во интервју за приватната телевизија „Хабер“ рече дека сака да ги стави под контрола на претседателот и турската агенција за разузнавање и генералштабот на армијата.