ДУИ: Тачи само сака да собере политички поени

ДУИ реагираше на обвинувањата од лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Од ДУИ сметаат дека изјавите на Тачи се за тој да стекне политички поени.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека за неговата партија е важно албанските теми да бидат дел од агендата на процесите кои имаат печат на меѓународните партнери и за тоа ДУИ прави постојани напори. Според Османи, кој и како е позициониран во овие процеси, ќе покаже времето и ќе оценат граѓаните.

„Ние ја поздравуваме подготвеноста на секој субјект да помогне во нашите напори за долгорочни политички проекти, а не за дневна популистичка политика“,  соопштија од ДУИ.