До 15 март се пријавуваат дополнителни приходи во УЈП

До 15 март, граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, треба да поднесат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои, покрај плата или пензија, оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или од хонорар врз основа на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка поголема од 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.

Граѓаните може да поднесат годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, во отворените даночни шалтери, како и електронски.

Mинатата година беа поднесени околу 180.000 годишни даночни пријави.