Џафери: Поделбите никому не носат добро, само сплотеноста води кон прогрес

-

Лекциите од минатото треба да се научат и да се запомнат, за никогаш повеќе да не се повторат затоа што поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, во својата честитка до граѓаните за 11 Октомври.

„Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, дозволете ми да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание против фашизмот и борбата за слобода.
Долг е патот кој човештвото го има изодено откако се избори со злите сили на фашизмот, политичка идеологија која има донесено само загуби и донесе до соочување со негативната страна на човекот. Историјата потврди дека доброто победува и дека мнозинството секогаш се стреми и е на страната на доброто, за да живее во слобода, да живее подобро и тој и сите околу него. Во борбата против злото, секој даде свој придонес во рамките на своите можности и со тоа сочува дел од своето достоинство, човештво и солидарност а над сѐ, обезбеди.парче мир за својата совест и душа, меѓутоа, и мир во светот. Таа борба за слобода, придонесе и во градењето на државноста. Денес, го празнуваме 11 Октомври за да им оддадеме почит на сите кои го положиле својот живот за да можеме да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава, со отворен и искрен пристап кон соседите, кон пријателските и партнерски земји и земја членка на НАТО“, порача Џафери.

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното...

„Орешник“ и изборот на Трамп главни теми на (дез)информациите со недели

Сè започна со дозволата за употреба на класичните ракети со долг дострел што на Украина и ги доставуваат САД и Франција и Велика Британија. За ова медиумите масовно известуваа во почетокот...

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Доналд Трамп го назначи поранешниот оперативен директор на „Пејпал“, Давид Сакс, да биде советник за вештачка интелигенција и криптовалути, продолжувајќи ја традицијата на наградување на големи донатори со политичка моќ, пренесува...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во...