ДИК денеска ќе се занимава со извештајот за приговорите

Со почеток во 18 часот, Државна изборна комисија денеска ќе ја одржи 158. седница, на која ќе го разгледува извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите.

Планирано е и донесување предлог-заклучок за објавување на конечни резултати за општините каде што нема поднесено приговор.