Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола со 10 награди се врати од Финска

Во текот на оваа година беа наградени на фестивалите во НР Кина, Португалија, Полска, Индија, Бугарија, Србија

Десет награди на интернационалниот ликовен фестивал за деца и за младинци, што синоќа заврши во финскиот град Хивинка, освои Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола.

Коста Хаџиантоновски, раководител на студиото, вели дека освоените одличја ја дополнуваат исклучително успешната година на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, чии членови од секој меѓународен фестивал се враќаат со награда.

Членовите на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ – Битола, кои воедно се учесници на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“, во текот на оваа година беа наградени на фестивалите во Кина, Португалија, Полска, Индија, Бугарија, Србија и во други земји, а наградените ликовни творби и одличјата ќе бидат претставени на посебен промотивен настан кон крајот на оваа година, потврди Хаџиантоновски.