ЦУК: 19 пожари на отворено во еден ден, 7 се активни

Активни пожари се 7, под контрола се ставени 3 и изгаснати се 9, информираат во Центарот за управување со кризи

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)
Вчера имаше вкупно 19 пожари на отворен простор во Македонија, од кои активни се 7, под контрола се 3 и изгаснати се 9, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожари во Прилеп, општина Чашка, општина Петровец, општина Штип, општина Долнени. Под контрола се ставени пожарите во општина Чучер-Сандево, општина Крушево и Делчево.