Македонија Страница 1478

Македонија

И грчки воени претставници биле на поменот за загинатите бугарски војници на Кајмакчалан

Архимандритот Атанасиос во присуство на воени делегации од Бугарија и од Грција одржал молитва за душата на паднатите бугарски херои во битката на планинскиот врв Кајмакчалан, од септември 1916 година, јавува дописникот на „Мета“ од Софија. На поменот присуствувала бугарска делегација, предводена од началникот на...

Заев и Солендил разговараа за актуелните состојби во двете земји

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска со амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Солендил, разговарал за актуелните состојби во двете земји. - Посветени сме на демократизација на Република Македонија и дејствуваме во таа насока, да има регуларни избори во декември, на кои ќе биде избрана...

СЈО ја обжали одлуката на Апелација – ист судија не може двапати да одлучува

Специјалното јавното обвинителство соопшти дека поднело жалба до Врховниот суд - Скопје бидејќи одлуката на Апелацискиот суд - Скопје за одбивање на барањето за продолжување на притворот за осомничениот во случајот „Транспортер“, Владимир Талевски, ја донел судија кој претходно одлучувал за истиот предмет. „Во жалбата...

Попоски: Мигрантската криза треба да се реши на изворот

Долгорочното справување со мигрантската криза значи решавање на проблемот во земјите кои се извор на мигрантскиот бран, порача вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во своето обраќање на тематската сесија за причините за миграција во рамки на Самитот за...

Собранието не одговара дали Талески смеел да потпишува службени документи

Собранието на Република Македонија го одби барањето на советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, да даде толкување на член 163 од Законот за кривична постапка во врска со тоа дали градоначалникот на Битола, Владимир Талески, имал право да потпишува службени докуметни од куќен притвор. „Немате право...

Села бара Македонија да биде една изборна единица

Македонија да биде една изборна единица и да се избираат пратеници по пропорционалниот модел. Ова е ставот на Движењето за реформи на ДПА, што денеска на прес-конференција во Тетово го соопшти претседателот Зијадин Села. Тој истакна дека сега е моментот да се исправи неправдата со големата...

СЈО нема да бара изземање на „сваровски-судијките“, засега

Специјалното јавно обвинителство засега нема да побара изземање на судијката Лидија Петровска, вели обвинителката Ленче Ристовска за „Мета“. - Засега нема да преземеме ништо, ќе почекаме да почне судењето и сè да биде официјално, па ќе одлучиме што ќе правиме – рече Ристовска. Лидија Петровска беше...

Талески ќе биде на слобода додека трае жалбената постапка во Врховен суд

Специјалното јавно обвинителство ќе достави жалба до Врховниот суд по вчерашната одлука на Апелацискиот суд да не го прифати барањето на СЈО за продолжување на притворот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и наместо тоа да му определи мерки за претпазливост - да се јавува...

Бугарија додели 150.000 евра за настраданите од поплавите во Скопје и во Тетово

Република Бугарија денеска ѝ додели финансиска помош на Македонија за справување со последиците од поплавите во регионите на Скопје и на Тетово на 6 и 7 август оваа година, во износ од 150.000 евра. Средствата се обезбедени од буџетот на бугарското министерство за надворешни работи и...

Променливото време ги разбуди вурусите и ги наполни ординациите

Зголемен број пациенти со вирусно заболување чии симптоми се повраќање, дијареа, болки во стомакот, зголемена температура и главоболка, се регистрирани во здравствените ординации во последниот месец, потврдуваат неколку матични лекари за „Мета“. Тие велат дека вирусот од заболениот се шири во најблиското негово опкружување, па така има заболувања и на...

Груевски пак се заборави и иако е само партиски лидер, најави владини активности

Поранешниот претседател на Владата, а сега само лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по куса пауза повторно почна да говори како „де факто“ премиер. Последен пример за тоа е т.н. „промоција на мерките од областа на спортот“, која ја направи како да ја води владата или, во...

Истражната на Кежаровски и „сваровски-судијката“ ги добија обвиненијата од СЈО

Татјана Михајловска и Лидија Петровска од Кривичниот суд се двете судијки што ќе треба да ги работат обвинителните акти кои минатата недела ги поднесе СЈО. Неофицијално, судијката Михајловска ќе го работи случајот со насилството во Општината Центар („Шамарите за Жерновски“), а Петровска го доби случајот со уништувањето...

Заев и Пломп разговараа за изборниот процес

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. Тема на состанокот беше неопходноста од регуларен предизборен и изборен процес, како и програмата на СДСМ, која содржи мерки за надминување на економско-социјалните проблеми во Македонија. „Европската Унија...

СЈО ќе поднесе жалба на одлуката на Апелацискиот суд за Талески

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе жалба oткако вчера Апелацискиот суд ја укина мерката куќен притвор за градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. Апелацискиот суд вчера ја уважи жалбата на одбраната на Талески и не му го продолжи куќниот притвор. Во одлуката беше наведено дека мерката куќен...

СДСМ: Ќе направиме темелна ревизија на буџетот за 2017 година на кадрите на Груевски

Опозицискиот СДСМ порачува дека буџетот за 2017 година што го одобрија кадрите на Никола Груевски во Владата, доколку биде усвоен од мнозинството во Собранието, ќе претрпи темелна ревизија и ќе биде проектиран исклучиво според потребите на граѓаните на Република Македонија. „Нагласуваме дека владата што сега...

Средба Иванов – Туск: Македонија ќе го продолжи реформскиот процес

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во Њујорк се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Иванов и Туск разговараа за состојбата со евроинтеграцијата на Република Македонија, како и за предизвиците што произлегуваат од мигрантската и бегалска криза, особено безбедносниот аспект. „Македонскиот претседател нагласи дека...

Пратениците денеска ќе расправаат за законот за студентски стандард

Собранието денеска ќе го одржи првото продолжение на 117. седница. Дневниот ред на седницата е дополнет со предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за студентски стандард. Пратениците денеска ќе ги разгледаат и предлог-законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот...

Времето денеска облачно без дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринската температура се движи од 7 до 16 Целзиусови степени, додека максималната дневна ќе достигне до 25 Целзиусови степени. Утре нè очекува умерено облачно време со сончеви...

Јанева откри дека кон СЈО биле испраќани суптилни закани

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното интервју на МТВ откри дека кон нив биле испраќани суптилни закани. Таа, исто така, изјави дека освен прислушуваните разговори, СЈО има доволно материјални докази за предметите што ги обработува. - За двете обвиненија има доволно докази, поради што очекуваме судот да постапи...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за настраданите во поплавите

Пратениците попладнево го изгласаа ребалансот на буџетот за 2016 година. Суштинска ставка во расходите е обештетувањето на жителите од поплавените села Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево и од другите настрадани села под Скопска Црна Гора. Приходите во буџетот со ребалансот се непроменети и остануваат на...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...