Македонија Страница 1476

Македонија

Иванов во ОН: Јас сум Македонец и сакам сите да нè почитуваат како Македонци

„Неодлучноста на Европската Унија и на НАТО да ја деблокираат интеграцијата на Република Македонија беше една од главните причини за постојаната внатрешно-политичка криза во Македонија што кулминираше оваа година. Последиците од блокадите станаа причини за нови блокади. Балканските држави наивно веруваа дека некој од...

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени. Во Скопје и во...

Јанева: Жал ми е што поради влошената здравствена состојба ја напуштив седницата

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, преку соопштение до медиумите им се извини на пратениците што ја напуштила седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, поради нејзината влошена здравствена состојба. - Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја...

Попоски и Коѕиас во Њујорк разговарале за мерките за градење доверба

Мерките за градење доверба беа една од главните теми за кои денеска во Њујорк разговараа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Двајцата министри одржаа средба на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што информираат од грчкото...

На Катица Јанева ѝ се слоши, комисиската расправа одложена за утре

На специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва ѝ се слоши откако цел ден присуствуваше на седницата на собраниската комисија за политички систем, на која втор ден се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство, објави телевизија „Телма“. Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, дозволи пауза, меѓутоа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски,...

Груевски: Јанева работи непрофесионално, пристрасно и необјективно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска како одговор на новинарско прашање како ја оценува работата на специјалната јавна обвинителка, рече дека не е задоволен од нејзиното работење. - Далеку од нашите очекувања во однос на професионалноста, непристрасноста и во однос на објективноста...

Кривична постапка против уште еден член на Левица

Основниот суд Скопје 1 почна судски процес против уште еден член на Левица, Мариглен Демири, поради учество на протестите годинава, соопштија денеска од партијата. „Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши...

Петар Аневски повторно избран за претседател на Советот на јавни обвинители

Досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска повторно беше избран за вршител на таа функција. Седницата на која бил избран Аневски се одржала денеска, гласањето било тајно и тој добил најмногу гласови. На предлог на Аневски, за заменик-претседател е избран Арбер Исаку.

СЈО ќе побара изземање на судијката за случајот со уништување документи од УБК

Специјалното јавно обвинителство повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 што денеска им беа вратени, информираат од Специјалното јавно обвинителство. Во соопштението на СЈО пишува и дека во текот на утрешниот ден ќе побараат и изземање на судијата кому му е доделен предметот. „Во...

Музички и уметнички настани за борба против ксенофобијата

Со националната кампања против ксенофобија „Деца на планетата Земја“, завршува проектот „Хуманитарна и правна помош за мигранти“, кој Фондацијата „Отворено општество“ го реализираше од 1 септември 2015 година до 30 септември 2016 година во соработка со партнерските организации „Легис“, Македонско здружение на млади правници...

Талески од притвор распишувал огласи за вработување во Општина Битола

Додека бил во куќен притвор, градоначалникот Владимир Талески распишувал огласи за вработување во општинската администрација, обвинија денеска битолските социјалдемократи, тврдејќи дека вработувањата се незаконски бидејќи не добиле амин од Советот на Битола. Покажувајќи го огласот, советникот Благојче Котевски рече дека станува збор за вработувања на...

Протест пред Општина Тетово поради транспортот на тетовските средношколци

Тетовските гимназијалци од руралните општини протестираа пред зградата на Општина Тетово, револтирани што властите и по три недели не им обезбедува бесплатен превоз од нивните домови до училиштетото. Велат дека мораат сами да го плаќаат превозот, а некои ученици со финансиски тешкотии сè уште...

Јанева: Не сум оптоварена што протекуваат информации, сите се во интерес на јавноста

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде иницијативата за измени во Законот за...

Големо велосипедско дефиле на скопските улици

Неколку илјади граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци, денеска учествуваа во големото велосипедско дефиле што на скопските улици се возеше по повод 22 септември, Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2016. Велосипедистите стартуваа кај Порта „Македонија“ и пристигнаа во Градскиот парк,...

Кривичниот суд бара уште докази од СЈО за уништувањето на опремата за прислушување

Основен суд Скопје 1 информира дека судијата ги вратил доставените докази против Г.Г. и други лица осомничени за кривично дело фалсификување на службена исправа, поднесени од Специјално јавно обвинителство. „Во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и...

Божиновски во затворот штрајкува со глад, ЗНМ и ЕФН бараат итно ослободување

Притворениот новинар Зоран Божиновски на 14 септември почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес, информираше денеска претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Тој рече дека иако затворската управа го знаела тоа, информацијата не ја споделиле...

Јанева: Прецизно го слушав Милошоски затоа што неговиот глас е чест на снимките

Почна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците веќе втор ден дискутираат за извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Прва говореше независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека е изненадена од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев бил на пат

Се одложи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Судењето беше закажано за денеска во 10 часот, а се одложи затоа што лидерот на СДСМ бил на службено патување во Тирана, на седница на Парламентарниот совет на Европската...

Иванов во краток неформален разговор со Барак Обама

Во Њујорк, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, присуствуваше на приемот што за учесниците на 71. Генерално собрание на ОН го приреди американскиот претседател, Барак Обама. Во краткиот неформален разговор меѓу македонскиот и американскиот претседател, како што соопшти кабинетот на Иванов, била потврдена поддршката...

Промоција на романот „Поклонение“ од Естонецот, Тијт Алексеев

Вечерва, од 20 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи промоција на романот „Поклонение“ од истакнатиот автор во естонската книжевност, Тијт Алексеев. Промотор на романот ќе биде Роберт Алаѓозовски, а гостин на вечерта е Елизабета Шелева. Алексеев за овој роман...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...