„Бизнис инсајдер“: Венецуела најсиромашна, Македонија на 12. место

Според анализите на „Като институт“, Венецуела е најсиромашната земја во светот, а Македонија е на 12. место, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Институтот според индексот на сиромаштија, рангира 108 земји во светот, базирајќи ги податоците на инфлацијата, невработеноста и на каматните стапки во земјите. Индексот се добива кога ќе се соберат првите три точки и ќе се одземе годишниот пораст на БДП.

По Венецуела, најсиромашни се Аргентина на второ, Сирија на трето, Украина на четврто и Иран на петто место.
Во текот на изминатата година, индексот на сиромаштија на Венецуела скокна за 27 поени на 106,03, со што јужноамериканската држава е пред второпласираната Аргентина со повеќе од 40 поени.
Невработеноста и каматни стапки се едни од водечките фактори што ги ставаат овие земји на листата на мизерност.

Петте најнесиромашни земји се Брунеи, Швајцарија, Кина, Тајван и Јапонија, а САД се на 95. место. Венецуела и минатата година беше на прво место, а по неа следуваа Иран, Србија, Аргентина и Јамајка.