fbpx

Битиќи: Има знаци за вештачко фиксирање на цените, нема да дозволиме нефер практики

Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме, нагласи вицепремиерот Битиќи

-

Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните, порачал вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. на денешниот работен состанок со Владимир Наумовски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

На состанокот се зборувало за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Битиќи истакнал дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.

„Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме“, нагласил вицепремиерот Битиќи.

Заеднички на состанокот беше констатирано дека е потребно отпочнување на постапки од страна на надлежните институции, вклучително и на Комисијата, за истражување дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.

Напишете коментар

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавени се резултатите за сместување во студентските домови за бруцошите

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти во прва година запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови...