Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за два денари за литар

Цените на останатите горива не се менуваат

фото: Мета.мк

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 од вечерва на бензинските станици низ земјава ќе се продава поскап за два денари за литар, односно ќе чини 85 денари за литар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на останатите горива не се менуваат. Еуросупер БС-98 и понатаму чини 85,5 денари за литар, дизел горивото се продава по цена од 76 денари за литар, додека литар Екстра-лесно масло останува со цена од 75 денари.