Автобус на ЈСП Скопје заврши врз жардинерите кај ТЦ „Мавровка“ – Повредени се возачот и еден патник

Во центарот на Скопје двокатен автобус од ЈСП Скопје се заби во жардиниера. Возачот и еден од патниците се пренесени во болница за да им се укаже лекарска помош

Фото: Мета.мк

Двокатен автобус на ЈСП – Скопје од засега неутврдени причини заврши врз заштитната ограда на жардинериите на булеварот пред ТЦ „Мaвровка“ во Скопје.

Инцидентот се случи на 08.07.2024 г. во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, им е укажана помош во болница.

Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот.