Асанж на распит пред шведска обвинителка поради наводното силување

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ќе биде испрашуван од главната шведска обвинителка Ингрид Исгрен. Распитот е дел од предистражната постапка во случајот во кој Асанж е осомничен за силување во Шведска, а ќе биде испрашуван во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што тој престојува веќе четири години. Обвинителството очекува дека ќе добие негов ДНК-примерок.

Според исказите на една од двете наводно силувани Швеѓанки, Асанж имал секс со девојката додека таа спиела. Според шведските закони, сексот со личност која во моментот спие, не е свесна или е во пијана состојба, може да се толкува пред судот како силување.

Асанж ги отфрли обвинувањата за кои се товари и се плаши дека можно е да биде екстрадиран во САД, каде што има основа да му се суди за објавување доверливи државни документи.

Обвиненијата за силување беа повод Асанж да побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон.