Археолошкиот музеј в четврток организира крводарителска акција

Археолошки музеј на Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, в четврток од 10 до 14 часот, во просториите на музејот ќе организира акција за дарување на крв, за повредените од поплавите во Скопско и во Тетовско.

„Акцијата е под мотото „Вашата крв спасува животи – придружете ни се! и со неа и со вашата помош се надеваме дека ќе ја поттикнеме совеста и хуманоста кај луѓето на овој ден“, се наведува во соопштението.