Хашим Тачи бара меѓународна истрага за настаните во Куманово

Неосновани се тврдењата дека постојат аспирации за создавање „Голема Албанија“, изјави денеска шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи.

– Го осудуваме насилството во Македонија, дијалогот е единствено решение. Не сакаме каква било дестабилизација. Македонија е сојузник на Косово на патот кон ЕУ – рече Тачи, додавајќи дека Косово го почитува Охридскиот договор, со кој се стави крај на конфликтот меѓу Македонците и етничките Албанци.

Сепак, Тачи рече дека на „Македонија ѝ е потребна поголема демократија“ и, исто така, оти е неопходна „меѓународна независна истрага“ за вооружениот конфликт во Куманово.