Тунижаните минатиот викенд го развија националното знаме со големина на 18 фудбалски терени за да го достигнат рекордот „најголемо знаме на светот“, соопштија туниските медиуми.
Неколку стотини лица учествуваа на настанот одржан на југот на Тунис, каде дошле и војници за да се поклонат на знамето заедно со химната.
Црвено-белото знаме, кое со површина од 104.544 квадратни метри, се состои од 80 километри ткаенина и тешко е 12,6 тона, соопштија организаторите.
Се очекува во следните денови претставниците на Гинисовата книга на рекорди да го потврдат рекордот „најголемо знаме на светот“.