Основци нападнале соученик во школски двор и се обиделе да го силуваат

Според МВР, децата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз соученикот

Photo by Scott Webb on Unsplash

Полицијата извести дека 44 – годишен маж од Скопје вчера пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.

Според МВР, децата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз соученикот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.